МЛАДИТЕ СЕ НАШАТА ИДНИНА Божиновска со инспиративна честитка за 24 Мај
Таа порача дека делото на Светите Кирил и Методиј останува темел на македонската култура, јазик и духовност.

По повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, министерката Сања Божиновска упати честитка до граѓаните, истакнувајќи го огромното значење на делото на светите браќа за македонскиот народ, јазик и култура. Во честитката на министерката Божиновска се вели:
„Денеска, во Охрид, оддадовме почит и положивме цвеќе пред споменикот на Светите Кирил и Методиј, сесловенските просветители чие дело претставува темел на нашата писменост, културен идентитет и духовна традиција. Наша обврска е да градиме модерна, енергетски стабилна и европска држава, која ќе создава нови можности за младите генерации и ќе поттикнува општество засновано на знаење, иновации и одржлив развој. Држава што ја чува својата традиција, а вложува во иднината, создава темели што траат!“ – истакна Божиновска.
