БАЧЕВ НЕ ШТЕДИ ЗБОРОВИ – Испрати силна порака за Денот на Македонските просветители

Порака за единство меѓу Македонците и надминување на поделбите.

БАЧЕВ НЕ ШТЕДИ ЗБОРОВИ – Испрати силна порака за Денот на Македонските просветители
Фото: Национал

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев упати честитка по повод одбележувањето на 24 мај, Денот на Македонските просветители Св. Кирил и Методиј.

-„Дозволете ми во свое лично име и во име на Единствена Македонија да ви го честитам 24 Мај, Денот на светите Македонски браќа Кирил и Методиј. Ден посветен на македонските апостоли кои оставија траен белег во историјата на човештвото.

Празникот со децении го одбележувавме со голема радост и македонскиот народ и Македонците од целиот свет никогаш немаат дилема да го изговорат зборот „Македонските просветители“. Големо е творештво на светите Македонски браќа Кирил и Методиј за Македонија и Македонсците а простата вистина вели дека иднина без минато на еден народ е празнина и безличност.

Денеска на отворена сцена светот одава признание дека писменоста доаѓа од Македонија, од Македонските апостоли Кирил и Методиj.

На овој голем и светол ден упатувам јасна порака до непријателите на македонското дело дека ќе бидат поразени во обидот за уништување на светата македонска црква, македонската нација, јазик, идентитет, историја и култура.

Да ја надминеме националната и духовната поделба меѓу Македонците преку семакедонско единство како најсилна брана од секаква закана на што не обврзуваат светите Македонци, Кирил и Методиј кои го променија светот.

Нека ни е честит 24 Мај, Денот на светите Македонски браќа Кирил и Методиј“, се вели во честитката на Бачев.

CATEGORIES
TAGS
Share This