Рускиот претседател Владимир Путин на средбата со Московскиот и на цела Русија патријарх Кирил, одржана по повод неговиот именден, порача дека за Русија е од особено значење зачувувањето на единството на нејзиниот мултинационален и мултиконфесионален народ.
Тој нагласи дека искуството на патријархот Кирил во градењето црковни односи со странство, како и во унапредувањето на меѓуверските односи во земјата, е од голема важност.
„Денес ни е потребно вашето искуство во градењето на надворешните црковни односи, а особено важно за Русија е развојот на меѓуверските односи внатре во државата. Тоа е секогаш важно и потребно, а сега особено. Мора да го зачуваме единството на мултинационалниот и мултиконфесионалниот руски народ“, изјави Путин.
Во меѓувреме, православните верници го одбележуваат празникот на Светите Кирил и Методиј.