АЛ-НАСР ТРГНУВА ПО ГВАРДИОЛА – Се спомнува астрономска сума

Се подготвува ли нова ера за Гвардиола надвор од Европа.

АЛ-НАСР ТРГНУВА ПО ГВАРДИОЛА – Се спомнува астрономска сума
Фото: Принтскрин

Шампионот на Саудиска Арабија, Ал-Наср, наводно покажал интерес за ангажман на Пеп Гвардиола, тврди неговиот агент Хозе Марија Оробитг.

Тој откри дека пред околу месец и половина имало одредени контакти, но дека станувало збор само за неформални разговори, без конкретна понуда или било какви обврзувачки договори.

Во меѓувреме, дел од медиумите објавија дека на Гвардиола му била понудена годишна плата од околу 130 милиони евра од саудискиот клуб, во кој настапува и Кристијано Роналдо. Сепак, агентот ги демантира ваквите наводи, истакнувајќи дека сумата не била ни приближно толку висока.

Дополнително, се појавија информации дека Манчестер Сити наводно се разделил со Гвардиола по десет години и 20 освоени трофеи, додека Ал-Наср, кој ја освои својата прва титула по 2019 година, остана без тренер откако Хорхе Хесус ја напушти функцијата по победата над Дамак (4:1), со која беше обезбедено првото место.

CATEGORIES
Share This