СВЕТИТЕ БРАЌА КИРИЛ И МЕТОДИЈ – Солунчаните кои ја променија историјата на Словените
Утре се одбележува 24 Мај – Денот на светите Кирил и Методиј.

Утре, 24 мај се одбележува еден од најзначајните христијански и културно-просветни празници – Денот на светите браќа Кирил и Методиј, сесловенските просветители кои се сметаат за темелници на словенската писменост и култура.
Родени во Солун во IX век, Кирил и Методиј оставиле длабока трага во историјата со својата мисија за ширење на христијанството меѓу Словените на разбирлив јазик. Свети Кирил ја создал глаголицата како првото словенско писмо, а заедно со својот брат Методиј преведувал богослужбени книги и ја поставил основата на словенската писменост, образование и духовна традиција.
Во Македонија, 24 Мај е државен празник и неработен ден за сите граѓани. По тој повод се организираат литургии, свечености, културни манифестации и разни настани во училиштата и институциите ширум државата.
Оваа година празникот се паѓа во сабота, што на многумина им овозможува продолжен викенд, па дел од граѓаните го користат за кратки патувања, одмор во природа или семејни собири.
Светите Кирил и Методиј остануваат симбол на писменоста, образованието и духовното единство на словенските народи, а нивното дело и денес има огромно значење за културниот идентитет на регионот.
