СДСМ НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД ЛОВ НА ГРУЕВСКИ Дали некој намерно ја кочи екстрадицијата

Помина повеќе од еден месец, а документите сè уште не се испратени.

СДСМ НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД ЛОВ НА ГРУЕВСКИ Дали некој намерно ја кочи екстрадицијата
Фото: Национал

Граѓаните поставуваат прашање до надлежните институции до кога ќе трае постапката за испраќање на документацијата поврзана со екстрадицијата на Никола Груевски – прашуваат од СДСМ..

Според реакции во јавноста, поминал повеќе од еден месец од најавите за подготовка и испраќање на документите, при што институциите во меѓувреме не излегле со нови информации за текот на постапката.

Се бара објаснување зошто има застој и кога се очекува процесот да продолжи.

Јавноста инсистира на поголема транспарентност и навремено информирање, имајќи предвид дека станува збор за прашање кое е значајно за владеењето на правото и довербата во институциите.

Се повикуваат надлежните органи да ги достават документите во најкус можен рок и да ја информираат јавноста за следните чекори во постапката – се вели во реакцијата на СДСМ.

CATEGORIES
Share This