ПОЗНАТИ ЗАГИНАТИТЕ ВО СТРАШНАТА ТРАГЕДИЈА – Четири животи згаснаа во несреќата на скопската обиколница
Судир на камион и автомобил заврши со четири жртви и целосно изгорено возило.

Познати се загинатите во трагедијата што ја потресе Македонија во која четири лица ги загубија животите во тешката сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на скопската обиколница кај клучката Мирковци. Меѓу загинатите се 20-годишните Марко Ѓорѓиевски, Петар Миланов и Адам Велков, како и таткото на Адам, познатиот оперски баритон Ристе Велков, кој имал 51 година.
Според првичните информации, несреќата се случила кога 76-годишен државјанин на Косово, управувајќи камион „МАН“ со полуприколка, изгубил контрола над возилото, ја пробил заштитната ограда и преминал на спротивната коловозна лента. Таму директно се судрил со автомобил „БМВ“ во кој се превезувале четворицата.
Ударот бил кобен и веднаш избувнал силен пожар, при што автомобилот целосно изгорел, а пламен ја зафатил и кабината на камионот. Надлежните институции вршат увид за утврдување на сите околности околу несреќата.
