ТРАМП ГО МЕНУВА ПЛАНОТ – Наместо инвазија, подготвува „венецуелско сценарио“ за Куба
Според анализата на Џатрас, целта би била слабеење на кубанското раководство преку политички и економски механизми.

Американскиот претседател Доналд Трамп најверојатно нема директно да изврши инвазија на Куба, туку ќе се обиде да примени модел сличен на оној што САД го користеа кон Венецуела, оцени поранешниот американски дипломат Џим Џатрас во интервју за РИА Новости.
„Трамп веројатно нема да се одлучи за воена инвазија врз Куба. Наместо тоа, можно е да се обиде да го повтори венецуелското сценарио“, изјави Џатрас.
Според него, Вашингтон би можел да комбинира економски притисоци, закани со воена сила и внатрешна дестабилизација преку корупција и политички влијанија, со цел да изврши притисок врз кубанското раководство.
Џатрас смета дека ваквиот пристап би бил поизводлив за администрацијата на Трамп отколку директен воен конфликт, особено во услови на зголемени геополитички тензии во регионот.
