НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ НА ПЛЕТВАР – ПРИЛЕП Нови работи на Гостивар-Стража

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, без подолги задржувања на граничните премини.

НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ НА ПЛЕТВАР – ПРИЛЕП Нови работи на Гостивар-Стража
Фото: Национал

Од 21 мај 2026 година е воспоставен нормален режим на сообраќај на државниот пат А1, делница Плетвар – Прилеп, по завршување на санацијата на Ленишки мост на км 47+900.

Воедно, од денеска во 08:00 часот започнаа градежни активности за санација на мостови на државниот пат А2, на делницата Гостивар – Стража. Работите се изведуваат на мостот бр.4 – Вијадукт на Атанасова Река и мостот бр.7 – Вијадукт на Дол, поради што е воведен времен режим на сообраќај кој ќе важи до завршување на санацијата.

Според информациите, сообраќајот на државните патишта низ земјава се одвива непречено и по суви коловози, а интензитетот надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ апелираат возачите да возат внимателно, со прилагодена брзина и почитување на поставената сигнализација, особено на делниците каде има можност од одрони, како Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Потсетуваат и дека од 15 април повторно е отворен за сообраќај патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица за сите возила до 3,5 тона.

CATEGORIES
Share This