БЕЗ СТРУЈА И ВОДА ВО ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ – ЕВН и РЦУК со важно известување

Прекините се поради планирани зафати на електродистрибутивната и водоводната мрежа.

БЕЗ СТРУЈА И ВОДА ВО ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ – ЕВН и РЦУК со важно известување
Фото: Принтскрин

Жителите на неколку скопски општини денеска ќе се соочат со прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода поради планирани технички зафати на терен.

Како што информира ЕВН Македонија, без струја ќе останат дел од корисниците во општините Ѓорче Петров и Петровец.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот прекин на електричната енергија ќе има на улиците 31, 102 и 103 во населбата Волково.

Дополнително, од 11:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Катланово“, влезот на Катланово, како и регионалниот пат во тој дел.

Во меѓувреме, РЦУК Скопје соопшти дека поради изведување водоводен приклучок со пречник ф-80 мм на улицата „Дане Крапчев“ бр.26, прекин во водоснабдувањето ќе има за дел од корисниците на истата улица во Центар.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот и ќе трае до завршување на работните активности.

CATEGORIES
Share This