НЕВЕРОЈАТЕН ПРЕСВРТ – Сити киксна, Арсенал стана шампион

Арсенал остана недостижен на табелата пред последното коло.

НЕВЕРОЈАТЕН ПРЕСВРТ – Сити киксна, Арсенал стана шампион
Фото: Принтскрин

Арсенал е новиот шампион на Англија. Во натпреварот од 37. коло на Премиер лигата, Манчестер Сити одигра само 1:1 на гостувањето кај Борнмут, со што остана на 78 бодови, четири помалку од Арсенал пред последното коло.

На тимот на Пеп Гвардиола му беше неопходна победа за да остане во трката за титулата, но ремито значеше дека лондонскиот клуб конечно ја обезбеди шампионската круна. Така, Арсенал по 22 години чекање повторно го освојува трофејот во Премиер лигата.

Фудбалерите на Арсенал го следеа развојот на настаните и веднаш по официјалното потврдување на титулата започнаа бурна и еуфорична прослава. На социјалните мрежи веќе се појави видео од големото славје на играчите.

CATEGORIES
Share This