ПАД НА ЈАВНИОТ И ДРЖАВНИОТ ДОЛГ Економијата на стабилен пат

Премиерот изрази задоволство од трендот и нагласи дека целта на Владата е до крајот на мандатот јавниот долг да се сведе меѓу 50 и 55 проценти од БДП, а државниот под 40 проценти.

ПАД НА ЈАВНИОТ И ДРЖАВНИОТ ДОЛГ Економијата на стабилен пат

Јавниот долг на државата е намален на 57,7 проценти од БДП, што претставува најниско ниво во последните пет години, соопшти премиерот Христијан Мицкоски. Според најновите податоци, јавниот долг е намален за 4,7 процентни поени само во првиот квартал од годинава, односно од 62,4% на крајот на 2024 на 57,7% сега, што во апсолутен износ значи намалување од 36 милиони евра.

Вкупниот јавен долг во моментот изнесува 9,58 милијарди евра, додека државниот долг е на ниво од 8,3 милијарди евра или 50,1% од БДП. Премиерот изрази задоволство од трендот и нагласи дека целта на Владата е до крајот на мандатот јавниот долг да се сведе меѓу 50 и 55 проценти од БДП, а државниот под 40 проценти.

„Ова се резултати на сериозни фискални политики и економски мерки. Зошто да не се стремиме и под 50 проценти јавен долг, и под 40 проценти државен долг?“ изјави Мицкоски.

Тој посочи дека ваквиот напредок не би бил можен без пораст на економските активности, при што најави дека следуваат нови позитивни вести поврзани со македонската економија. Според премиерот, БДП за 2025 година е проценет на околу 17 милијарди долари, а до крајот на мандатот се очекува исполнување на три клучни макроекономски цели.

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска – Кочоска, ги оцени податоците како директна потврда за успешноста на владините политики. Таа посочи дека падот на јавниот долг е резултат на фискалната консолидација, намалувањето на непродуктивните трошоци и мерките за поттикнување на економската активност.

CATEGORIES
Share This