МИНИМАЛНАТА КОШНИЧКА ПОВТОРНО СЕ МЕНУВА – Еве колку пари се потребни за нормален живот

Минималната синдикална кошничка во мај изнесува 68.743 денари, со мало намалување во однос на април.

МИНИМАЛНАТА КОШНИЧКА ПОВТОРНО СЕ МЕНУВА – Еве колку пари се потребни за нормален живот
Фото: Национал

Мајската вредност на минималната синдикална кошничка изнесува 68.743 денари. Оваа сума е потребна за покривање на основните месечни потреби на просечно четиричлено семејство кое живее во сопствен дом. Во споредба со април, трошоците се намалени за 54 денари, кога кошничката изнесувала 68.797 денари.

Според најновите податоци на Сојузот на синдикатите, најголем дел од семејниот буџет се троши на храна и пијалоци 25.475 денари или 37,1 отсто од вкупната сума. За домување и плаќање на сметки за вода, струја и греење се издвојуваат 6.338 денари, додека за облека и обувки се потребни 6.334 денари.

Доколку семејството живее во изнајмен стан со површина од 60 квадратни метри, мајската минимална кошничка, според пресметките на ССМ, се зголемува на 84.117 денари. Во тој случај, само трошоците за домување и режиски услуги достигнуваат 21.713 денари.

CATEGORIES
Share This