ДЕЛОВИ ОД ГРАДОТ ОСТАНУВААТ БЕЗ СТРУЈА И ВОДА – Еве каде и кога
Најавени се временски ограничувања за снабдување во текот на денот.

Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска ќе има планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија на неколку локации во Скопје.
Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Црвена Вода“ бр. 7 во општина Центар.
Од 09:00 до 13:00 часот прекин ќе има на ул. „Саса“ – крак 24 во општина Кисела Вода, додека од 09:00 до 14:00 часот ќе бидат зафатени дел од корисниците на ул. 6 во населбата Бардовци, општина Карпош.
Во периодот од 09:15 до 15:15 часот без електрична енергија ќе останат жителите на улиците „Самоилова“ и „Јоаким Крчовски“, како и објектот на Музејот на современа уметност – Скопје, во општина Центар.
Од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје информираат дека поради уличен дефект на водоводната мрежа на улицата „Лука Геров“ бр. 38, денеска ќе има прекин во водоснабдувањето во делови од општина Ѓорче Петров.
Без вода од 08:30 часот ќе останат корисниците во населените места Даме Груев, Ново Село, Волково, Стопански Двор, Кисела Јабука, Орман и Никиштани.
Водоснабдувањето ќе биде во прекин сè до завршување на санацијата на дефектот.
