ГОЛЕМА ГУЖВА ЗА НОВ МАКЕДОНСКИ СУДИЈА ВО СТРАЗБУР На конкурсот се пријавиле 21 кандидат

На јавниот конкурс распишан од македонското Министерство за надворешни работи за избор на нов судија во ЕСЧП во Стразбур, се пријавиле дури 21 кандидат

ГОЛЕМА ГУЖВА ЗА НОВ МАКЕДОНСКИ СУДИЈА ВО СТРАЗБУР На конкурсот се пријавиле 21 кандидат

Голем интерес за функцијата судија од Република Македонија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур (ЕСЧП).

На јавниот конкурс распишан од македонското Министерство за надворешни работи за избор на нов судија во ЕСЧП во Стразбур, се пријавиле дури 21 кандидат. Меѓу нив има судии, обвинители, адвокати, како и други професионалци од правосудниот сектор.

Според досегашните информации, интерес за позицијата покажале и веќе добро познати имиња во јавноста. Меѓу кандидатите се обвинителката Ленче Ристовска и судијката Оља Ристова, кои отворено ја потврдиле својата кандидатура. Неофицијално, на списокот на апликанти се најдоа и Наташа Габер-Дамјановска, поранешна директорка на Академијата за судии и јавни обвинители, како и поранешниот претседател на Државната изборна комисија Александар Даштевски.

Како потенцијални кандидати се споменуваат и обвинителката Фатиме Фетаи, заменик-директорот на Академијата за судии и јавни обвинители Илир Исени, поранешната претседателка на Врховниот суд Лидија Неделкова, како и актуелната владина агентка за застапување на Македонија пред ЕСЧП, Даница Џонова. На листата има и неколку адвокати, меѓу кои и Тони Менкиновски.

Апликациите ќе ги разгледува Меѓуресорската комисија, формирана со одлука на Владата, која ќе има задача да изврши селекција на тројца кандидати што ќе бидат предложени до Советот на Европа. Конечниот избор ќе го направи Советодавниот панел на експерти за избор на судии при Советот на Европа.

Процесот на селекција и проверка на исполнетоста на условите за кандидатите ќе започне од понеделник. Новоизбраниот судија ќе го замени актуелниот претставник на Македонија во ЕСЧП, Јован Илиевски, кој ја извршува оваа функција од 2017 година. Деветгодишниот мандат на новиот судија ќе започне на почетокот на 2026 година.

CATEGORIES
TAGS
Share This