ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ПАК СКОКААТ – Еве колку ќе плаќаме од утре

Бензинот и дизелот поскапуваат, екстра лесното масло поевтинува.

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ПАК СКОКААТ – Еве колку ќе плаќаме од утре
Фото: Принтскрин

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад донесе нова одлука со која од 19.5.2026 година од 00:01 часот малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,84% во однос на претходната одлука од 11.5.2026 година.

Според новата пресметка, бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за 2,00 денари по литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 2,50 денари по литар. Наспроти тоа, цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денари по литар.

Мазутот М-1 НС бележи пораст од 0,846 денари по килограм, при што новата цена изнесува 50,814 денари за килограм.

Од РКЕ појаснуваат дека станува збор за максимални малопродажни цени, што значи дека бензинските станици имаат можност да продаваат и по пониски цени на крајните потрошувачи.

CATEGORIES
Share This