ЧЕЛЗИ СО ГОЛЕМА ПРОМЕНА – Алонсо потпиша четиригодишен договор
Од Челзи истакнуваат дека неговото искуство и лидерство биле клучни за изборот.

Челзи официјално го потврди назначувањето на Чаби Алонсо за нов главен тренер на тимот. Шпанскиот стратег ќе ја преземе функцијата од 1 јули, а со лондонскиот клуб потпиша договор на четири години.
Во соопштението на клубот се наведува дека одлуката е донесена поради довербата во неговото искуство, тренерски квалитети и препознатлив стил на игра, како и неговите лидерски способности, карактер и интегритет.
„Неговото назначување ја одразува довербата на клубот во неговото богато искуство, тренерски квалитети и играчки модел, лидерски квалитети, карактер и интегритет, кои беа клучни фактори во одлуката да го замолат да помогне во водењето на следната фаза од развојот на Челзи“, стои во соопштението.
Алонсо претходно ја извршуваше функцијата тренер во Реал Мадрид, каде работеше од летото 2025 до јануари 2026 година.
