ПОЗНАТИ РЕЧИСИ СИТЕ УЧЕСНИЦИ – Ждрепката на 10 јуни во Минхен

Србија и покрај поразот во Унгарија обезбеди пласман на Светското првенство.

ПОЗНАТИ РЕЧИСИ СИТЕ УЧЕСНИЦИ – Ждрепката на 10 јуни во Минхен
Фото: Принтскрин

Ракометната репрезентација на Србија успеа да го „преживее“ Веспрем и со минимален пораз да обезбеди пласман на Светското првенство во Германија. Унгарија славеше со 31-30, но тоа не беше доволно да ја надомести двата гола негатива од првиот натпревар во Ниш.

Големо изненадување приреди и селекцијата на Грција, која успеа да ја елиминира Холандија, додека Италија ја надополни негативата од три гола и преку Швајцарија стигна до билет за ракометниот Мундијал.

На Светското првенство ќе дебитираат Фарските Острови, кои двапати беа подобри од Босна и Херцеговина, а со две победи над Црна Гора на шампионатот во Германија патува и Словенија.

Пласман преку европските квалификации обезбедија и Франција, Шпанија, Норвешка, Полска.

Ждрепката ќе се одржи на 10 јуни во Минхен.

CATEGORIES
Share This