СРЕЌА ВО НЕСРЕЌА – Се запали автобус во движење, патниците спасени во миг

Брза реакција спречи трагедија и сите патници навреме го напуштиле автобусот.

СРЕЌА ВО НЕСРЕЌА – Се запали автобус во движење, патниците спасени во миг
Фото: Принтскрин

Автобус со прилепски регистарски ознаки попладнево се запалил во близина на наплатната станица Отовица, на автопатот Велес – Скопје.

Сите патници успеале навреме да го напуштат возилото благодарение на брзата реакција, при што нема пријавени повредени.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека веднаш по дојавата на терен биле упатени екипи од Територијалната противпожарна единица, како и полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес.

CATEGORIES
Share This