ОД СОНЦЕ ДО НЕВРЕМЕ ЗА НЕКОЛКУ ЧАСА – Македонија влегува во нестабилна фаза
Метеоролозите предупредуваат на локално невреме со обилен дожд, силен ветер и можност за град во повеќе делови од земјата.

Фото: Национал
Времето денеска (16.05.) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура во интервал од 6 до 23 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи и силен ветер.
CATEGORIES Македонија
