50.000 БИЛЕТИ ИСЧЕЗНАА – Распродаден концертот на Дејвид Гета во Скопје за помалку од 12 часа

93% од билетите купени од публика во Македонија, останатите од странство.

50.000 БИЛЕТИ ИСЧЕЗНАА – Распродаден концертот на Дејвид Гета во Скопје за помалку од 12 часа
Фото: Принтскрин

Историја за паметење во Скопје. Kонцертот на Дејвид Гета на 8 септември на Националната арена Тодор Проевски официјално е распродаден за помалку од 12 часа.

Дури 50.000 влезници биле продадени со неверојатна брзина, додека повеќе од 250.000 луѓе истовремено се обидувале да пристапат до платформата avalonbooking.mk. Огромниот интерес предизвикал повремени проблеми при логирањето и купувањето, но од „Авалон“ велат дека побарувачката далеку го надминала капацитетот на стадионот.

Настанот ќе се одржи по повод 35 години независност на Македонија и веќе се најавува како еден од најголемите музички спектакли што некогаш се случиле во земјава.

Од организаторите информираат дека сите купувачи ќе ги добијат своите PDF-влезници најдоцна до недела, 17 мај, бидејќи во тек е обработка на сите 50.000 билети.

Интересен е и податокот дека 93 проценти од билетите ги купиле посетители од Македонија, додека останатите 7 проценти завршиле кај фанови од различни делови на светот.

CATEGORIES
Share This