ТЕНЗИИ ВО РЕАЛ – Недоразбирања меѓу Мбапе и Арбелоа

Францускиот напаѓач започна од клупата и по мечот изрази незадоволство од својот статус во тимот.

ТЕНЗИИ ВО РЕАЛ – Недоразбирања меѓу Мбапе и Арбелоа
Фото: Принтскрин

Килијан Мбапе и тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, се најдоа во центар на медиумско внимание по победата од 2:0 против Овиедо, натпревар на кој францускиот напаѓач започна од клупата.

По мечот, Мбапе пред новинарите изрази незадоволство од својот статус во тимот, тврдејќи дека бил опишан како „четврти напаѓач“, што веднаш предизвика реакции во јавноста.

На прашање за односот со тренерот, тој истакна дека нема личен конфликт, но нагласи дека мора да ги прифати тренерските одлуки и да се бори за место во тимот покрај соиграчите.

Алваро Арбелоа ги негираше ваквите тврдења, посочувајќи дека никогаш не изјавил дека Мбапе е „четврти напаѓач“ и дека постои можност за недоразбирање меѓу нив.

Тренерот додаде дека одлуките за составот се исклучиво негови и дека секој играч мора да го прифати тоа.

Според медиумите, дополнителни несогласувања се појавиле и околу одлуката Мбапе да не започне натпревар против Овиедо, како и околу неговата улога во клучни натпревари претходно во сезоната.

Арбелоа нагласи дека не сакал да ризикува со неговата минутажа по краток временски период помеѓу натпреварите, додека Мбапе, според извештаите, бил незадоволен од ваквиот распоред.

И покрај тензиите, францускиот напаѓач истакна дека е среќен во Мадрид и дека нема намера да го напушти клубот.

Реал Мадрид славеше победа од 2:0, со голови на Гонзало Гарсија и Џуд Белингам, но вниманието по натпреварот беше целосно насочено кон случувањата надвор од теренот.

CATEGORIES
Share This