УБИСТВО ВО БИТОЛА – Сопруг ја убил 31-годишната жена во населбата Баир

Осомничениот е лишен од слобода, а обвинителството собира докази за трагичниот случај во населбата Баир.

УБИСТВО ВО БИТОЛА – Сопруг ја убил 31-годишната жена во населбата Баир
Фото: Принтскрин

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Битола изврши увид на местото на трагичниот настан во битолската населба Баир, каде што животот го загуби 31-годишната А.В. од Битола.

Од местото се подигнати траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на дополнителни вештачења, а по наредба на обвинителството ќе биде извршена и обдукција на телото на починатата.

Од Обвинителството информираа дека лицето осомничено за убиството е лишено од слобода и најавија дека јавноста дополнително ќе биде информирана за понатамошниот тек на постапката.

Според претходните информации од Министерството за внатрешни работи, жената била нападната рано утринава од нејзиниот сопруг, со кого не живеела заедно. Тој ја нападнал со нож, а таа им подлегнала на повредите.

CATEGORIES
Share This