СОНЦЕ ПА ДОЖД – Времето денес со пресврт во попладневните часови

Попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.

СОНЦЕ ПА ДОЖД – Времето денес со пресврт во попладневните часови
Фото: Национал

Денеска (14.05.) времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура во интервал од 5 до 23 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Попладне и во текот на ноќта ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

CATEGORIES
Share This