АКО СТЕ ВО СТАРАТА ЧАРШИЈА, ОВА МОРА ДА ГО ЗНАЕТЕ – Прекин на струја

Прекинот е поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа.

АКО СТЕ ВО СТАРАТА ЧАРШИЈА, ОВА МОРА ДА ГО ЗНАЕТЕ – Прекин на струја
Фото: Принтскрин

Од ЕВН Македонија информираат дека денеска делови од општина Чаир останаа без електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа.

Прекинот започна наутро од 07:30 и ќе трае до 13:30 часот и ќе ги опфати дел од корисниците во Старата скопска чаршија, на улиците „Покриена Чаршија“ и „Самарџиска“.

Од компанијата упатуваат апел граѓаните да ги прилагодат своите обврски согласно најавениот прекин и да ги завршат активностите навреме.

CATEGORIES
Share This