АКО МЕ ПОВИКААТ, ЌЕ ОДАМ – Легендарниот тренер испрати јасна порака

Италијанскиот стратег вели дека е подготвен да ја преземе репрезентацијата доколку пристигне повик од федерацијата.

АКО МЕ ПОВИКААТ, ЌЕ ОДАМ – Легендарниот тренер испрати јасна порака
Фото: Принтскрин

Италијанскиот фудбалски стручњак Клаудио Раниери изјави дека е подготвен повторно да ја преземе италијанската фудбалска репрезентација.

Тој за „Скај Спорт“ истакна дека претходно ја одбил можноста да ја води селекцијата поради обврските во Рома, бидејќи не можел истовремено да извршува две функции. Сега, како што вели, ситуацијата е поинаква и е отворен за нов предизвик.

„Сега сум достапен, па ако некој ме повика – зошто да не? Никогаш не вели никогаш. Кога твојата земја те повикува, одговорот е да“, изјави 74-годишниот Раниери.

Тој додаде дека не е сигурен дали би прифатил улога како главен тренер или како менаџер, но нагласи дека е подготвен да разговара доколку има интерес од федерацијата.

Раниери во април 2024 година се повлече од функцијата советник во Рома, позиција што ја извршуваше од летото 2025 година.

Во текот на својата богата тренерска кариера, Раниери водеше бројни клубови, меѓу кои Рома, Каљари, Сампдорија, Фулам, Монако, Лестер Сити, Интер, Јувентус, Парма, Валенсија, Челзи и други, а има работено и со грчката репрезентација.

Италија, пак, не успеа да се пласира на Светското првенство во 2026 година, откако беше поразена од Босна и Херцеговина во плејофот по изведување пенали (1:1, 1:4), по што селекторот Џенаро Гатузо поднесе оставка.

CATEGORIES
Share This