ИТНО СООПШТЕНИЕ ОД ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА – Овие жители остануваат без вода

Прекин во водоснабдувањето во општина Аеродром.

ИТНО СООПШТЕНИЕ ОД ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА – Овие жители остануваат без вода
Фото: Национал

ЈП „Водовод и канализација“ информира дека утрово дел од корисниците во општина Аеродром ќе останат без водоснабдување.

Прекинот е поради дефект на водоводна цевка со димензии ф 1 цол на улица Горно Лисиче бр. 176. Без вода ќе бидат корисниците од село Лисиче.

Снабдувањето со вода е прекинато од 10:00 часот, а нормализацијата ќе следи по завршување на работите на терен.

CATEGORIES
Share This