ПЕНТАГОН ОБЈАВИ НЛО ДОСИЕЈА – Астронаути тврделе дека виделе чудни светла во вселената

Во декласифицираните документи има сведоштва од астронаути, воени пилоти и цивили за мистериозни светла и необјаснети летечки објекти.

ПЕНТАГОН ОБЈАВИ НЛО ДОСИЕЈА – Астронаути тврделе дека виделе чудни светла во вселената
Фото: Принтскрин

Пентагон отвори огромна архива со претходно доверливи документи за НЛО и неидентификувани аномални појави (UAP), откривајќи децениски сведоштва од астронаути, пилоти, војници и цивили. Архивата е објавена по налог на американскиот претседател Донакд Трамп кој порача дека јавноста има право да ги види материјалите поради „огромниот интерес“ за темата.

Во САД повторно расте интересот за можен вонземски живот, а Конгресот уште во 2022 година ги одржа првите сослушувања за НЛО по повеќе од половина век. Новата страница на Пентагон веќе содржи 162 декласифицирани досиеја, а најавени се и нови објави. Дополнителен интерес предизвика и поранешниот претседател Барак Обама, кој претходно изјави дека верува оти статистички постои живот некаде во вселената, иако никогаш не видел конкретни докази додека бил на функција.

Меѓу најинтересните материјали се транскриптите од мисиите Apollo 11 Moon Landing, Apollo 12 и Apollo 17.

Астронаутот Биз Алдрин признал дека за време на летот кон Месечината забележал необичен и силен извор на светлина, кој екипажот првично го сметал за можен ласер.

Во документите се наведува и сведоштвото на Алан Бин, кој опишал честички и блесоци што изгледале како да „излегуваат од Месечината“, додека астронаутите од Аполо 17  пријавиле треперливи светла во вселената.

– Изгледа како Четврти јули! – рекол астронаутот Харисон Шмит, иако подоцна додал дека можно е да станувало збор за одраз од мраз.

Архивата содржи и аудио-снимка од мисијата Gemini 7, во која астронаутот Франк Борман известува за чуден објект и „милијарди ситни честички“ покрај леталото.

Новите документи откриваат десетици пријави за мистериозни летечки објекти, вклучувајќи сведоштва од 1957 година до денес. Во едно досие маж тврди дека видел огромен кружен објект како излегува од земјата, додека понови извештаи опишуваат метални тела што лебдат и се појавуваат среде силна светлина.

Пентагон објави и видеа снимени од американската војска на Блискиот Исток во 2022 година. Снимките од Ирак, Сирија и Обединетите Арапски Емирати прикажуваат необјаснети воздушни појави, меѓу кои и овален објект што брзо минува низ кадарот.

Во архивата се споменуваат и триаголни метални објекти над Средоземното Море, светлечки UAP во форма на „фудбалска топка“ во близина на Јапонија и случаи што американските власти ги водат како „нерешени“.

Пентагон признава дека за голем дел од инцидентите нема дефинитивно објаснување.

Републиканскиот конгресмен Тим Буршет ја поздрави објавата и ја нарече „многу добар почеток“, додека Ана Паулина Лин оцени дека станува збор за „огромен прв чекор кон вистинска транспарентност“.

Но, поранешната конгресменка Тејлор Грин смета дека темата намерно го одвлекува вниманието од економските проблеми и воените конфликти.

Заедницата на уфолози со години бараше ваква објава. Истражувачите веруваат дека документите покажуваат оти американската влада сериозно ги анализирала овие случаи.

Mutual UFO Network претставникот за Тексас, John Eric Ege, изјави дека архивата не содржи докази за тела на вонземјани или воспоставен контакт, но сепак ја оцени како „чекор во вистинската насока“.

Иако документите не нудат сензационално откритие ниту потврда за постоење на вонземски живот, тие претставуваат едно од најголемите официјални признанија досега дека американските власти со децении истражувале мистериозни воздушни појави.

CATEGORIES
Share This