ВРЕМЕТО ПРАВИ ПРЕСВРТ – Дожд, грмежи и силен ветер низ Македонија

Попладнево на повеќе места се очекуваат локални врнежи и ретки грмежи, а ветерот ќе засилува.

ВРЕМЕТО ПРАВИ ПРЕСВРТ – Дожд, грмежи и силен ветер низ Македонија
Фото: Национал

Синоптичарите за денес (10.05.) прогнозираат променливо облачно време со сончеви периоди, а во попладневните часови се очекува локален дожд проследен со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Утринските температури ќе се движат од 5 до 12 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 21 и 27 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди и слаб променлив ветер. Температурата ќе се спушти до 9 степени, а максималната дневна ќе достигне 25 степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека и во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови на повеќе места се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

За утре и задутре се најавува засилен до силен ветер од западен правец, кој на одредени места ќе надминува 60 километри на час. Температурите ќе бидат во пораст до вторник, а од среда се очекува постепено заладување.

CATEGORIES
Share This