ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ – Една лента ќе биде затворена кај Плетвар

На граничните премини од македонска страна во моментов нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ – Една лента ќе биде затворена кај Плетвар
Фото: Национал

Денеска (10.05) сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози – информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Поради санација на горниот строј на Ленишки мост на км 47+900 на државен пат А1, делница Плетвар-Прилеп, на ден 11.05.2026 година ќе се изврши пренасочување на сообраќајот од една во друга лента (целиот сообраќај ќе се одвива на десната лента, правец Плетвар-Прилеп).

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.

CATEGORIES
Share This