ИЗНЕНАДУВАЊЕ ОД ЗЕЛЕНСКИ – Прогласи прекин на огнот и нема да напаѓа за Денот на парадата во Моксва

Примирјето треба да започне од полноќ меѓу 5 и 6 мај.

ИЗНЕНАДУВАЊЕ ОД ЗЕЛЕНСКИ – Прогласи прекин на огнот и нема да напаѓа за Денот на парадата во Моксва
Фото: Принтскрин

Володимир Зеленски соопшти дека Украина ќе прогласи прекин на огнот почнувајќи од полноќ меѓу 5 и 6 мај, и покрај тоа што, како што наведува, не биле доставени официјални предлози за условите и модалитетите на запирање на непријателствата.

Во својата изјава објавена на Телеграм, Зеленски истакна дека досега нема официјално барање до Украина во врска со начинот на спроведување на прекинот на огнот, спротивно на тврдењата што се појавуваат на руските социјални мрежи.

Тој додаде дека човечкиот живот има многу поголема вредност од било какви свечености или годишнини, поради што Украина одлучила да воведе режим на прекин на огнот од 00:00 часот на 6 мај.

„Во преостанатото време е можно да се создадат услови за започнување на примирјето. Ќе постапуваме реципрочно од моментот што е наведен“, порача Зеленски.

Тој додава дека ова е можност за почеток на вистинско запирање на војната.

Тој исто така порача дека руските власти треба да преземат конкретни чекори за завршување на конфликтот, нагласувајќи дека од добрата волја на Украина зависи и можноста за одржување на настани како воените паради во Москва.

CATEGORIES
TAGS
Share This