ПОЛИТИЧКАТА ПРОСТИТУЦИЈА НА НАЈАКО Дел е од владата, има врска со Ахмети а сега Таравари е можен партнер и на СДСМ за локалните избори
СДСМ не ја исклучува Алијанса на Таравари како партнер за локалните избори - можна соработка во мултиетничките општини

СДСМ не ја исклучува можноста за соработка со Арбен Таравари и неговата Алијанса за Албанците на претстојните локални избори, особено во мултиетничките општини каде што Таравари има значително влијание и може да донесе дополнителна поддршка. Според партиски извори, се разгледува можноста СДСМ да и помогне на Алијанса во општините каде што ќе настапува самостојно, што би претставувало заемна политичка поддршка.
Овие можности доаѓаат во време на заладени односи помеѓу СДСМ и ДУИ, што дополнително ја отвора вратата за нови албански коалициски партнери. Иако од СДСМ сè уште нема официјална потврда со кого ќе се водат разговорите, партијата потврди дека лидерот Венко Филипче добил мандат за водење преговори околу локалниот коалициски настап.
Филипче минатата недела изјави дека, покрај традиционалните коалициски партнери, се разгледува и можноста за соработка со албанска партија. Тој не ја исклучи Алијанса за Албанците од оваа опција, особено ако Таравари се дистанцира од новоформираната коалиција „Вреди“.
Инаку, Касами, Меџити и Ибрахими неодамна ја започнаа процедурата за официјализирање на „Вреди“ како политичка партија, со што Алијанса останува надвор од оваа нова платформа. Таравари вчера јавно им честиташе на новата партија, но очекува средба со премиерот Христијан Мицкоски за да се разјасни неговата понатамошна позиција во Владата.


