ДРАМАТИЧЕН ПРЕСВРТ – Работниците масовно исчезнуваат од фабриките, што се случува?

Најголем удар врз рударството и вадењето камен со пад од 6,9%.

ДРАМАТИЧЕН ПРЕСВРТ – Работниците масовно исчезнуваат од фабриките, што се случува?
Фото: Принтскрин

Бројот на вработени во индустрискиот сектор во март 2026 година е намален во споредба со истиот месец во 2025 година, покажуваат најновите статистички податоци. Најголем пад е забележан во областа на рударството и вадењето камен, додека во енергетскиот сектор е регистрирано благо зголемување.

Поконкретно, во март 2026 година, во однос на март 2025 година, бројот на работници во рударството и вадењето камен се намалил за 6,9%, во преработувачката индустрија за 2,8%, додека во снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е забележан раст од 0,6%.

Според главните индустриски групи, негативни движења има во повеќето сегменти. Намалување е регистрирано кај енергијата за 2,1%, кај капиталните производи за 3,6%, кај нетрајните производи за широка потрошувачка за 3,4%, како и кај интермедијарните производи, без енергија, за 2,9%. Единствен позитивен тренд има кај трајните производи за широка потрошувачка, каде бројот на вработени пораснал за 1,0%.

Овој пад се забележува и на квартално ниво: во периодот јануари-март 2026 година, во споредба со истиот период во 2025 година, индустријата бележи намалување на бројот на работници од 3,3%.

CATEGORIES
Share This