НЕОЧЕКУВАН ПРЕСВРТ – Белата куќа прогласи крај на војната, но Конгресот бара одговори

Спор околу толкувањето на законот за воени овластувања од 1973 година.

НЕОЧЕКУВАН ПРЕСВРТ – Белата куќа прогласи крај на војната, но Конгресот бара одговори
Фото: Принтскрин

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп оценила дека конфликтот со Иран е завршен, повикувајќи се на тековното примирје, изјавил висок функционер на Белата куќа за CNN.

Според американската телевизија, ваквиот став би можел да значи дека администрацијата нема обврска да бара одобрување од Конгресот за продолжување на воените активности, иако дел од пратениците од двете партии инсистираат на гласање за воени дејствија. Функционерот навел дека, во контекст на Законот за воени овластувања од 1973 година, „непријателствата што започнаа на 28 февруари се завршени“.

Тој додал дека САД и Иран постигнале двонеделно примирје на 7 април, кое подоцна било продолжено, и оттогаш не е забележана директна размена на оган меѓу двете страни.

CNN посочува дека ова толкување се совпаѓа со изјавите на американскиот министер за одбрана Пит Хегсет, кој пред Конгресот рекол дека периодот од 60 дена „се паузира за време на примирје“.

И покрај прекинот на огнот, Ормутскиот теснец и понатаму останува речиси блокиран, бидејќи и САД и Иран го ограничуваат преминот на танкери низ оваа клучна поморска рута.

CATEGORIES
TAGS
Share This