СКАНДАЛОЗНА ОБЈАВА – Трамп со оружје и експлозии во позадина, испрати јасна порака
Трамп испрати остри пораки до Техеран преку Truth Social, предупредувајќи дека Иран мора „наскоро да се вразуми“.

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека Иран „не може да се смири“ и дека „подобро е наскоро да се вразумат“ во врска со договорот за нуклеарната програма.
Тој порача дека Иранците „не знаат како да постигнат договор без нуклеарно оружје“, додавајќи дека „подобро е да се вразумат наскоро“. Изјавата ја објави на својата социјална мрежа Truth Social.
Во истата објава, Трамп сподели и фотографија генерирана со вештачка интелигенција на која држи огнено оружје, додека во позадина се гледаат експлозии, со натпис:
„Нема повеќе господин Фин Момче“.
Според извештај на Wall Street Journal, Трамп им наложил на своите соработници да се подготват за долготраен притисок врз Иран, со цел преку економски мерки да се натера Техеран на нуклеарни отстапки, наведуваат американски претставници.
Од друга страна, иранските власти повторуваат дека земјата не се стреми кон развој на нуклеарно оружје, туку инсистира на правото на мирна употреба на нуклеарната енергија, што го сметаат за клучен услов за какви било идни договори за мир.
