ПУТИН ПОД ПРИТИСОК – Најважната парада за 9 Мај без тенкови
Воената техника годинава нема да биде дел од свеченоста.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека одлуката воената опрема да не биде дел од парадата за Денот на победата на 9 мај во Москва делумно се должи на терористички закани и актуелната безбедносна ситуација, поврзана со настаните во Киев.
Песков нагласи дека станува збор за „оперативни околности“ и одговараше на прашања зошто годинашната прослава ќе се одржи без воена техника.
Тој се повика и на изјавите на рускиот претседател Владимир Путин, според кои „киевскиот режим, кој секојдневно губи позиции на фронтот, се свртел кон терористички активности“.
Според Кремљ, поради ваквите безбедносни ризици се преземаат засилени мерки за да се минимизира секоја можна опасност.
Песков додаде дека парадата ќе се одржи, но во значително намален формат, за разлика од минатогодишната јубилејна прослава која беше организирана со поголем обем и традиционално прикажување на воена опрема.
