ДРАМАТИЧЕН ПОВИК ДО ОН – Иран бара стоп за Израел
Амбасадорот предупредува на напади врз цивили и бара повлекување на силите.

Фото: Принтскрин
Иранскиот амбасадор во Обединетите нации, Амир Саид Иравани, повика Советот за безбедност на ОН да преземе решителни мерки и да го принуди Израел целосно да го почитува прекинот на огнот во Либан.
Во своето обраќање, Иравани нагласи дека Советот мора да обезбеди Израел „итно да ги прекине сите напади врз цивили и цивилна инфраструктура“ и да ги повлече своите сили од Либан.
Тој истовремено ги осуди нападите на САД и Израел врз Иран, како и израелските воени активности во Газа, Западниот Брег и Голанската Висорамнина.
Апелот беше упатен за време на дебата за состојбата на Блискиот Исток, при што Иравани повтори дека меѓународната заедница мора поактивно да реагира на ескалацијата во регионот.
CATEGORIES Свет
