ПРОЛЕТЕН ДЕН СО ЗАМКА – Сонце, па пороен дожд, кога да внимавате
Подгответе се за брзи временски пресврти во текот на попладнето.

Фото: Национал
Времето денеска (29.04) ќе биде сончево со мала до умерена облачност и температура во интервал од 2 до 24 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
CATEGORIES Македонија
