ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА – Мистерија што трае, дали вистината за Вејце ќе излезе на виделина?!

Семејствата на загинатите бараат одговори кои со години ги нема.

ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА – Мистерија што трае, дали вистината за Вејце ќе излезе на виделина?!
Фото: Единствена Македонија

Делегација на Единствена Македонија денес, вторник (28 април 2026 година), им одаде почит на бранителите кои загинаа кај Вејце, одбележувајќи четврт век од трагичниот настан.

Пред 25 години, на овој ден, во еден од најтешките и најкрвави настани во поновата македонска историја, осум македонски бранители ги загубија животите бранејќи го територијалниот интегритет и суверенитет на државата.

Од вкупно околу 80 загинати бранители во конфликтот во 2001 година, мал број загинале во директни судири, додека повеќето ги изгубиле животите во заседи.

Од Единствена Македонија истакнуваат дека е неопходно целосно расветлување на настаните од 2001 година, нагласувајќи дека вистината е особено важна за семејствата, роднините и пријателите на загинатите. Според нив, утврдувањето на сите околности поврзани со трагедијата е предуслов за општествено помирување и за градење стабилна иднина.

„Не можеме да гледаме напред доколку минатото остане неразјаснето“, порачуваат од партијата.

Во чест на загинатите, тие порачаа дека споменот за македонските бранители ќе остане траен.

Македонските херои никогаш не умираат!

CATEGORIES
TAGS
Share This