ДВЕ ДРЖАВИ ПРЕД ОБЕДИНУВАЊЕ – Санду со контроверзна изјава

Санду отвори можност за обединување со Романија како пат кон побрза интеграција во ЕУ.

ДВЕ ДРЖАВИ ПРЕД ОБЕДИНУВАЊЕ – Санду со контроверзна изјава
Фото: Принтскрин

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, изјави дека обединувањето со Романија би можело да го забрза процесот на пристапување на земјата кон Европската унија.

Во интервју за францускиот весник „Монд“, таа нагласи дека ваквиот чекор би можел да биде корисен за Молдавија и да овозможи побрза интеграција во ЕУ.

Санду додаде дека европскиот пат на земјата би можел да се одвива во две фази и првично без регионот Приднестровие, со можност тој подоцна да биде реинтегриран. Според неа, најдобро сценарио би било Приднестровие повторно да се вклучи во составот на Молдавија пред нејзиното целосно приклучување кон Унијата.

Таа потсети и дека уште во јануари изјавила дека би поддржала обединување со Романија доколку би се одржал референдум, наведувајќи ги геополитичките предизвици и сложената меѓународна ситуација со која се соочува земјата.

CATEGORIES
TAGS
Share This