ИЗНЕНАДУВАЧКИ ОД БЕРЛИН – Мерц го „закопа“ Трамп, Иран ги понижи САД
Германскиот канцелар тврди дека Иран вешто ги избегнал разговорите и ја надмудрил американската администрација.

Германскиот канцелар остро ја критикуваше американската администрација поради неуспехот во преговорите со Иран, оценувајќи дека Вашингтон бил надмудрен на дипломатската сцена.
Фридрих Мерц изјави дека раководството во Иран успеало да ги понижи Соединетите Американски Држави, алудирајќи дека Техеран ја искористил ситуацијата во своја корист за време на разговорите.
Оваа оценка доаѓа во момент кога Доналд Трамп се обидува да ја прикаже ситуацијата како контролирана, иако последната рунда индиректни преговори, планирани да се одржат во Исламабад, беше откажана.
Мерц нагласи дека иранската страна покажала исклучителна умешност и не само во преговарањето, туку и во избегнувањето на конкретен напредок, оставајќи ја американската делегација без резултат.
Според него, ваквиот развој на настаните дополнително го продлабочува јазот меѓу САД и нивните европски сојузници во рамки на НАТО, во време кога трансатлантските односи веќе се под притисок.
Канцеларот изрази надеж дека застојот ќе биде надминат во најскоро време, потенцирајќи дека продолжувањето на ваквата ситуација не е во интерес на меѓународната стабилност.
