СОНЧЕВО, ПА НЕВРЕМЕ – Денеска времето со скриено изненадување

Граѓаните да бидат подготвени за краткотрајни врнежи во попладневните часови.

СОНЧЕВО, ПА НЕВРЕМЕ – Денеска времето со скриено изненадување
Фото: Национал

Времето денеска (28.04) ќе биде сончево со мала до умерена облачност и температура во интервал од 3 до 25 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Попладне ќе има повремен локален дожд и услови за изолирана појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

CATEGORIES
Share This