ВОНРЕДНА ПОСЕТА – Аракчи директно кај Путин, што значи ова за светот
Техеран и Москва со засилени консултации за клучни регионални прашања.

Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Аракчи, пристигна во текот на ноќта во Санкт Петербург, каде што се очекува да оствари средби со рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.
По пристигнувањето, Аракчи истакна дека Иран и Русија одржуваат континуирани и интензивни консултации за повеќе теми, со посебен акцент на регионалните прашања. Во објава на својот Телеграм канал, тој нагласи дека билатералниот дијалог меѓу двете земји е постојан и опфаќа широк спектар на интереси.
Претходно, иранскиот амбасадор во Русија, Казем Џалали, изјави за агенцијата ИРНА дека разговорите со Владимир Путин ќе се фокусираат на најновите случувања по привременото примирје меѓу Соединетите Американски Држави и Иран.
Тој додаде дека Иран и Русија имаат усогласени ставови кога станува збор за регионалните и меѓународните прашања.
Посетата на Аракчи е дел од неговата поширока дипломатска турнеја започната на 24 април. Во рамки на истата, тој најпрво го посети Пакистан, а потоа и Оман, пред да пристигне во Русија.
