СОБРАЌАЈОТ ТЕЧЕ МИРНО – Пренасочен сообраќај кај Блаце

Добри услови за возење, но со зголемена внимателност на критичните точки.

СОБРАЌАЈОТ ТЕЧЕ МИРНО – Пренасочен сообраќај кај Блаце
Фото: Национал

Денеска (27.04) сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Во 08.00 часот пренасочен е товарниот сообраќајот од граничен премин д.Блаце до бензиска пумпа Дизел.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.

CATEGORIES
Share This