(ВИДЕО) СЦЕНИ КАКО ОД ФИЛМ – Гости бегаат, обезбедување пука, Трамп на земја
Осомничен уапсен на лице место по размена на оган со безбедносните сили.

На социјалните мрежи се појави снимка која предизвика големо внимание, на која наводно се гледа моментот кога агенти на Тајната служба го извлекуваат американскиот претседател Доналд Трамп од сцената по пријава за истрели за време на вечерата на Здружението на дописници од Белата куќа во Вашингтон.
Според информациите, Трамп и првата дама Меланија биле итно евакуирани од хотелот „Хилтон“, каде се одржувал настанот, откако во лобито било пријавено пукање. Во хаотичните сцени, дел од присутните легнале на подот или се засолнувале под масите, додека безбедносните служби им наредувале да останат мирни и на земја.
На видео материјалот што кружи, се гледа како претседателот во еден момент се сопнува и паѓа додека бил извлекуван од обезбедувањето. Исто така се забележува дека потпретседателот Џ.Д. Венс бил евакуиран пред него.
Според американски медиуми, осомничениот за инцидентот е идентификуван како Кол Томас Ален, 31-годишник од Калифорнија, кој бил уапсен на лице место. Наводно, при испрашувањето изјавил дека цел му биле службени лица поврзани со администрацијата на Трамп присутни на настанот.
Полицијата соопшти дека осомничениот бил вооружен со повеќе видови оружје, а при интервенцијата дошло до размена на оган, при што е повреден припадник на безбедносните служби кој носел заштитна опрема.
Истражните органи наведуваат дека мотивот сè уште не е целосно утврден. Осомничениот треба да се појави пред суд, каде ќе се соочи со обвиненија поврзани со употреба на огнено оружје и напад врз федерален агент.
Weird … Vance escorted out before Trump. Then Trump falls down as he’s getting escorted out. pic.twitter.com/OxKSbMZcYx
— Meidas_Charise Lee (@charise_lee) April 26, 2026
