СЕ ВРТИ НОВА ЕРА – Министерката испрати силна порака што ги разбранува сите

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска го отвори Националниот натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации, нагласувајќи дека оваа иницијатива претставува простор каде идеите се развиваат во конкретни решенија со реална примена.
Таа истакна дека Министерството веќе 18 години стои зад процес кој создава генерации млади луѓе со развиена свест за одговорност, иновативност и одржлива иднина.
„Ова не се само ученици, туку идни инженери, претприемачи и двигатели на промени. Она што најмногу се издвојува е нивната енергија, храброст и зрел пристап“, посочи Божиновска.
Како дополнителна потврда за потенцијалот на младите, таа го издвои признанието ETF Green Skills Award 2025, оценувајќи дека тоа е доказ за квалитетот што веќе постои во земјата.
Министерката нагласи дека институциите имаат клучна улога да ги препознаат овие потенцијали, да ги поддржат и да создадат услови младите да се развиваат дома.
„Зелените иновации не се тренд, туку неопходност. Инвестирањето во младите не е опција, туку единствениот сигурен пат кон напредок“, подвлече таа.
На крај, Божиновска порача дека Македонија располага со идеи, знаење и амбициозни млади луѓе, нагласувајќи дека иднината не се чека, туку се гради активно.
