121 ГОДИНА ПОДОЦНА – Бачев со силна порака, Македонија е нашиот дом, онака како што се бориме за нашите домови се бориме и за Македонија

Трагичниот крај на револуционерите кои се самоубиле за да не паднат во рацете на непријателот.

121 ГОДИНА ПОДОЦНА – Бачев со силна порака, Македонија е нашиот дом, онака како што се бориме за нашите домови се бориме и за Македонија
Фото: Единствена Македонија

Професорот и лидер на Единствена Македонија Јанко Бачев се осврна на денешниот ден, 24 април, кога се навршуваат 121 години од смртта на Христо Узунов и неговите соборци – комити кои храбро го положија животот за слободна и независна Македонија.

-„Речиси како на филмско сценарио се редат убиствата на македонските револуционери во тоа време. Предадени од доушници, се судруваат со побројниот турски аскер, им снемува муниција и исправени пред изборот да се предадат или да умрат, со последните куршуми се самоубиваат. Христо Узунов и неговите соборци – комити на денешен ден во 1905 година не сакајќи живи да паднат во рацете на аскерот, се самоубиваат.

Христо Узунов останува докрај верен на идеалот за слободна и независна Македонија за која го положува животот на свои 27 години. Особено е потресно неговото проштално писмо до неговата мајка во кое и вели дека без најмалку да ја навреди се чуствува повеќе син на втората мајка Македонија отколку на својата биолошка мајка која го родила. Со ова Христо Узунов дава на знаење дека татковината е се, маките на татковината се поголеми од сите страданија на секоја наша мајка.

Во битката за Македонија, Единствена Македонија секогаш ќе биде на страната на македонскиот народ. Никогаш нема да ја предадеме Македонија, нашата земја, нашата татковина. Никогаш нема да ја предадеме крвта на илјадници Македонци и Македонки кои ја пролеаа за нашата Македонија. Никогаш нема да го предадеме името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ. Македонија е нашиот дом, онака како што се бориме за нашите домови се бориме и за Македонија. Да ни е жив споменот на Христо Узунов! Македонија од предвечност до вечни времиња, Амин!“ – порачува Бачев.

 

CATEGORIES
TAGS
Share This