СКАНДАЛ ВО НАЈАВА – ФИФА да го исфрли Иран и да ја внесе Италија на Мундијалот

Доналд Трамп и Џани Инфантино биле информирани за предлогот.

СКАНДАЛ ВО НАЈАВА – ФИФА да го исфрли Иран и да ја внесе Италија на Мундијалот
Фото: Принтскрин

ФИФА не планира да го замени Иран со Италија на претстојното Светско првенство во САД, Канада и Мексико, и покрај предлогот што го изнесе Паоло Замполи, близок соработник на Доналд Трамп.

Замполи потврди дека му предложил на Трамп и на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, Италија да го заземе местото на Иран на Мундијалот, наведувајќи дека „азурите“ со четири светски титули имаат историско право да бидат дел од турнирот.

Сепак, од ФИФА не дадоа официјален коментар за иницијативата, туку само повторија дека Иран сигурно ќе учествува на Светското првенство. Неизвесноста околу настапот на иранската репрезентација се појави поради геополитичките тензии и нападите врз земјата, но Техеран неодамна потврди дека тимот ќе биде дел од турнирот.

Според Financial Times, предлогот на Замполи имал и дипломатска позадина и обид за подобрување на односите меѓу САД и Италија, по критиките на италијанската премиерка Џорџа Мелони кон Трамп.

Идејата не наиде на поддршка ниту во самата Италија. Министерот за спорт Андреа Абоди ја оцени како несоодветна, додека министерот за економија Џанкарло Џорџети ја нарече срамна.

Инаку, Италија не успеа да се пласира на третото Светско првенство по ред, откако беше елиминирана од Босна и Херцеговина во баражот.

CATEGORIES
TAGS
Share This