ДРАМАТИЧНО ВО КАВАДАРЦИ – Жени завршија на инфузија по јадење заостанати велигденски јајца

Симптоми на труење регистрирани и кај други пациенти во истата смена.

ДРАМАТИЧНО ВО КАВАДАРЦИ – Жени завршија на инфузија по јадење заостанати велигденски јајца
Фото: Принтскрин

Две жени на возраст од 62 и 56 години побарале медицинска помош во Итната медицинска служба број два во Кавадарци, каде што биле третирани поради сомнеж за труење од заостанати велигденски јајца. Едната пациентка била задржана на болничко лекување во кавадаречката болница, додека другата, по неколкучасовен медицински надзор, на сопствено барање си заминала дома, откако изјавила дека се чувствува подобро.

Информацијата за МИА ја потврдил доктор Антоан Паракеов, началник на Службата за итна медицинска помош во Кавадарци.

Доктор Ратко Грков од Итната медицинска помош број еден изјавил дека и во неговата смена имало пациенти со полесни симптоми на труење, кои претходно консумирале велигденски јајца.

Паракеов и Грков апелираат до граѓаните да бидат внимателни при консумирање на преостаната храна од празниците, со цел да се избегнат несакани здравствени последици.

CATEGORIES
Share This