НЕНАДЕЕН ДОЖД ВО ОВИЕ ДЕЛОВИ – Проверете дали вашиот град е на листата
Во источните региони се очекуваат повремени врнежи, додека југоистокот е под ризик од краткотрајни грмежи.

Фото: Национал
Времето денеска (18.04) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура во интервал од 5 до 24 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Во источните делови ќе има повремен локален дожд, а во југоисточните услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува засилен ветер од северен правец.
CATEGORIES Македонија
